Промени тема
Контакт

МВР со кривични пријави низ Македонија: дрога, оружје и злоупотреба на податоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_7454

Министерството за внатрешни работи информира дека изминативе денови поднесени се повеќе кривични пријави за различни кривични дела.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 17-годишно лице од Куманово, кај кое на 28 април полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и кокаин. Против него се води постапка за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.

— реклама —

Во Велес, СВР поднесе кривична пријава против 59-годишен жител на селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, кај кого при претрес во домот биле пронајдени пиштол и куршуми. Тој се сомничи за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

— реклама —

СВР Штип поднесе пријава против 31-годишен скопјанец со престој во Штип за „злоупотреба на лични податоци“. Во периодот јануари–јуни годинава, тој на социјална мрежа објавувал фотографии од женско лице без нејзина согласност.

— реклама —

Дополнително, на 28 август во Скопје биле лишени од слобода две лица од село Бојане – 47-годишниот И.С. и 18-годишниот И.А. Кај нив биле пронајдени бела прашкаста материја и гасен пиштол. По документирањето на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања