Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

МВР со посебен телефон и меил за пријави на журки и недозволено групирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
unnamed

Пријави кршење на здравствените протоколи за заштита од коронавирус и недозволено групирање на журки, славења дома,  во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на меил адресата: mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk

— реклама —

Во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со коронавирус, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека е ставен во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201  и меил адресата  mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано прославување во текот на претстојните празници.

— реклама —

Имено, граѓаните можат да пријават (локација) и недозволено собирање на луѓе спротивно на мерките пропишани  за справување со пандемијата.

— реклама —

Полицијата ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести односно Одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи ја цени заложбата на граѓаните во насока на спречување на пандемијата и зачувување на јавното здравје и уште еднаш смета на партнерската улога која ја имаат граѓаните со полицијата.

МВР во пресрет на претстојните празници уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од групни собирања  и прослави, да ги почитуваат мерките на Владата, а се со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје. #ПразнувајОдговорно

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања