Промени тема
Контакт

МВР: Сузбиени 14 криминални групи и спречени 6.000 обиди за илегален влез

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mvr-525123

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година се сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лице и 18 правни лица. Во истиот период откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, а разоткриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција, недозволена трговија со дрога и криумчарење во соработка со меѓународни криминални мрежи.

Соопштението од МВР ви го пренесуваме во целост:

Сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лица во период од една година, продолжуваме со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал

— реклама —

Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на Министерството за внатрешни работи, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година.

— реклама —

Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица. Откриени се 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица. Спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50% во однос на претходниот период.

Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, Министерството за внатрешни работи спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи, како што посочуваат, продолжува со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, како еден од стратешките приоритети за заштита на безбедноста и правниот поредок. Преку силната меѓународна соработка и решителните домашни акции МВР испраќа јасна порака дека за криминалот нема простор во нашето општество!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања