Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

МВР викендов во Скопје од сообраќај исклучи 79 возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатите денови (12, 13 и 14.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 242 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 79 возачи од кои: 19 возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 55 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи почетници кои не ги почитувале законските ограничувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 41 возило од кои 39 бидејќи не биле регистрирани, едно поради претовар и едно поради технички неисправности. Санкционирани се 14 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, осум возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи поради неправилно престројување, 10 возачи поради неправилно престигнување, 22 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 25 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 11 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 151 мандатни платни налози и 97 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања