Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МВР: Во 24 часа 11 сообраќајни незгоди во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
mvr1

Во текот на изминатиот ден (26.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои седум сообраќaјни незгоди со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 27 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 20 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 13 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, а две возила биле технички неисправни.

— реклама —

Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, тројца поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, тројца возачи поради непоседување пропишана зимска опрема, четворица поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 98 мандатни платни налози и 79 возила се подигнати со специјално возило пајак.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања