Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МВР: Во 24 часа седум сообраќајни незгоди, изречени 134 мандатни платни налози, 86 возила подигнати со пајак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
mvr1

Во текот на изминатот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со телесни повреди и пет со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 22 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 14 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани.

— реклама —

Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица поради неправилно престројување, осум поради непоседување пропишана зимска опрема, 11 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 13 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се 31 пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и осум пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 134 мандатни платни налози и 86 возила се подигнати со специјално возило пајак.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања