На 04.03.2019 година полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло при што контролирани се 397 возила.
При контролата, констатирано е дека 19 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, осум возачи управувале без возачка дозвола, кај еден возач има утврдено присутво на алкохол и истиот е отстранет од сообраќај.
Нерегистрирани биле три возила, на мобилен телефон разговарале исто така тројца возачи и еден возач не користел сигурносен појас. Исто така при контролата откриени се и други 21 прекршоци.