МВР: „Војводи“ и „Балисти“ склучија договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Capture-3

Во Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска се одржаа две одвоени средби со претставници на тетовските навивачки групи „Војводи“ и „Балисти“.

— реклама —

„На средбите се зборуваше за последните инциденти кои изминатиот викенд се случија во Тетово, а во кои беа инволвирани членови на овие две навивачки групи, но и за формите и начините за надминување на сите проблеми и недоразбирања.

— реклама —

Раководството на Секторот за внатрешни работи Тетово и претставниците на навивачките групи „Војводи“ и „Балисти“ договорија заеднички мерки и активности за релаксирање на односите помеѓу тетовските навивачи, а договорено е, исто така, во иднина тие да се воздржат од ширење говор на омраза, непримерно скандирање и упатување на навредливи и вулгарни пораки кон другите. На денешните средби произлезе и иницијатива за заедничка средба на двете навивачки групи и нивно  помирување, со цел во наредниот период да не се повторат вакви или слични инциденти“, соопштуваат од МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања