„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МВР: За 24 часа четири сообраќајни незгоди, 100 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило "пајак"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
mvr1

Во текот на изминатот ден (11.02.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди од кои две сообраќајни незгоди со телесни повреди и две со материјална штета. Во сообраќајните незгоди две лица се здобиле со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 73 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

— реклама —

Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно затоа што било технички неисправно. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, 30 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 33 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 100 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања