Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје по преземени мерки и активности констатирано е дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и шест возила биле технички неисправни.
Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, 24 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 151 мандатен платен налог и 106 возила се подигнати со специјално возило пајак.