Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 минути -

Македонија
media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j
Фото: ФБ / МВР

Во засилена сообраќајна контрола спроведена низ Македонија, полицијата за пет часа санкционирала 221 прекршок на пешаци и возачи во однос на пешаците, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Контролата била спроведена на 11 ноември, во периодот од 8 до 13 часот, при што биле регистрирани 147 случаи на небезбедно преминување на коловозот надвор од обележан пешачки премин. Санкции добиле и 25 возачи кои не им отстапиле првенство на пешаците на обележан пешачки премин.

— реклама —

Дополнително, полицијата казнила уште 179 возачи за други сообраќајни прекршоци.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредниот период, а апелираат до пешаците да го преминуваат коловозот исклучиво на обележани премини, додека возачите да ја приспособат брзината и да им овозможат безбедно преминување.

— реклама —

Од Министерството потсетуваат дека безбедноста на пешаците е заедничка одговорност на сите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 20 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 20 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања