Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МВР за сообраќајната несреќа на автопатот Велес - Скопје, во која загина жена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
nesrea-veles

На 16.01.2020 околу 08.00 часот на автопатот Велес - Скопје, после наплатна станица Отовица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Ц.(29) од Велес, патничко возило „мазда“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(31) од Велес, патничко возило „шкода октавија“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(37) од Кавадарци, патничко возило „мазда“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(52) од Прилеп, патничко возило „мицубиши аутлендер“, управувано од М.К.(53) од Скопје, товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, управувано од О.А.(60) од Велес и влекач, со непозната марка и регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое го напуштило местото на незгодата. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.М. и сопатниците во патничкото возило „шкода октавија“, Ј.В.М.(38) и 11- годишна малолетничка, и двете од Кавадарци, додека со телесни повреди се здобиле возачите Р.Ј. и Р.Д. Повредените биле пренесени во Општата болница Велес, додека Ј.В.М. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починала. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од  СВР Велес.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања