„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

МВР за убиството на Саздо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikola-sazdovski

На 09.11.2020 година, Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за насилен криминал до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (24) и А.Б. (18) и двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“ предвидено и казниво по чл.386 од КЗ и известување во врска со настани случени на 13.09.2020 година и 19.09.2020 година кога повеќе лица извршиле кривично дело „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ согласно чл.319 од КЗ.

— реклама —

Имено, кривичната пријава е поднесена за настан случен на ден 20.09.2020 година околу 00:15 часот кога А. Р. (припадник на навивачка група) додека бил со други лица во Градски парк бил нападнат од О.С. и А.Б. (припадници на навивачка група), а првопријавениот О.С. го нападнал со нож. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници презедоа соодветни мерки и активности и случајот е расчистен, а сторителите се приведени.

Известувањето до ОЈО е поднесено во врска со настан случен на 13.09.2020 околу 14:50 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија на Национална арена Тодор Проевски – Скопје, каде навивачи движејќи се кон арената извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост, како и настан случен на 19.09.2020 околу 15:00 часот непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу Ф.К. Македонија Ѓ.Петров и Ф.К. Вардар, на бул.Ѓорче Петров во Скопје.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања