На 04.10.2019 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од пиштол бил донесен А.Б.(27) од Скопје. Околу 15.30 часот на ул.„Бајрам Шабани“ во настанот учествувале неколку лица, а со повреди се здобл А.Б.. Подоцна, во близина на местото, било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(28) од с.Света Петка, кое имало оштетувања од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси