Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

МВР затекна низа неправилности по скопските сообраќајници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stop-policija

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 53 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 30 возачи од кои: 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и шест возачи поради сторени останати сообраќајни прекршоци.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, 17 возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, пет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања