Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МВР - Затворен угостителски објект во тетовско, приведен сопственикот и три странски државјанки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Ноќеска околу 00.40 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(30) од тетовско Боговиње, чиј угостителски објект во с.Жеровјане работел по дозволеното време и во него престојувале 13 гости и шест(6) странски државјанки. А.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

— реклама —

Во угостителскиот објект, исто така, приведени се и три(3) странски државјанки, од кои две(2) од Русија и една(1) од Република Албанија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта. И тие се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања