Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

МЗ демантира: Не е отворена јавна набавка за мамографи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Ministerstvo-za-zdravstvo-tabla

Министерството за здравство најостро реагира за денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во која се изнесени бројни невистини.

Во однос на обвинувањата дека во Министерството за здравство има сомнителни набавки, сакаме да ги потсетиме ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во која се вели дека нема место за јавнообвинителска интервенција во предметот со јавните набавки во Министерството за здравство. Ова е и доказ дека нема сомнителни тендери, соопштија од ресорното Министерство.

— реклама —

Согласно член 76 од Законот за јавните набавки Договорниот орган може, по донесување на одлуката за јавна набавка, а пред објавување на огласот за јавна набавка, да спроведе технички дијалог со економските оператори. Со самото тоа што Министерството за здравство објавило технички дијалог и овозможило секој економски оператор да даде свои мислења и коментари, може да се види отвореноста и транспарентноста на самата постапка, иако Законот за јавни набавки дава можност да не се спроведе техничкиот дијалог.

— реклама —

Во овaа фаза на постапката (технички дијалог), 4 (четири) економски оператори доставија коментари и предлози во однос на тендерската документација и истите се разгледуваат од страна на стручни лица.

— реклама —

Потенцираме, не е отворена јавна набавка за мамографи.

Од причина што постапката се уште не е отпочната/објавена на ЕСЈН самите понудувачи немаат можност да поднесуваат понуди, поради што се поставува прашањето како би можело Министерството за здравство да фаворизира некој економски оператор кога постапката не е објавена, односно не е завршен техничкиот дијалог, кога немаме конечна тендерска документација, која се објавува по завршување на техничкиот дијалог во кој ќе бидат јасно наведено што се прифаќа, а што не од коментарите и барањата од економските оператори кои што учествуваа во истиот.

Министерството за здравство, Ви стои на располагање и отворено е за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на пациентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања