Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

МЗ: Клиниките со екстра болнички капацитети за лекување ковид, редовните прегледи и интервенции продолжуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona5

Сите интерни клиники во склоп на Клинички центар се подготвени да примаат ковид пациенти и нема да запрат со нормалната работа, односно со интервенциите на дневна основа.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче имаше средба со директорите на Клиниките - обезбедени се 150 болнички легла и кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, но нема да изостане и тековната работа со третман на пациенти на дневна основа кои не се ковид .

— реклама —

Згрижувањето на ковид пациенти ќе биде под посебни протоколи, направена е поделба на црвени и зелени зони, односно оделени се деловите каде ќе се хоспитализираат ковид пациенти, од деловите за пациентите кои ќе имаат потреба од редовни прегледи или интервенции.

Институтот за белодробни заболувања веќе има ковид пациенти, а на располагање се ставаат и останатите интерни клиники.Клинички центар е во мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега. Освен болнички кревети, кадарот е спремен да работи со ковид пациенти, веќе е направен системот на ротација на лекари и медицински пероснал, како и распоред за дежурства како би се покриле и тековните интервенции и амбулантни прегледи со пациентите кои имаат потреба од здравствена нега на некоја од Клиниките.

— реклама —

Дополнително околу 180 специјализанти од внатрешноста и Скопје се враќаат во матичните Клиники со што ќе се направи реорганизација на работата и ротации на персоналот за да може пациентите да ја добијат соодветната грижа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања