Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МЗ: Се намалува бројот на жени со тешка форма на рак на грло, се зголемува опфатот со ХПВ вакцинација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ginekolog

По повод одбележувањето на месец јануари како месец посветен на борба против ракот на грлото на матката, информираме дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во нашата држава на годишно ниво од овој тип рак заболуваат околу 150 жени, или 15 на 100.000 жени. Според податоците од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, на оваа Клиника во 2019 година се третирани 111 случаи на карцином на грло на матка, додека во 2020 година бројот е зголемен и изнесува вкупно 140 случаи.

— реклама —

Министерството за здравство секоја година изготвува посебна Програма за рана детекција на малигни заболувања, во која е предвидено спроведување бесплатен скрининг за рано откривање на ракот на грлото на матката, со кој во период од три години се опфатени жени на возраст од 24-61 година, односно следните возразни групи: 24-35 години, 36-45 години, и 46-61 година.

Во рамки на организираниот скрининг годишно се испраќаат во просек околу 53.000 покани, а процентот нa жени кои примиле покана изнесува околу 88,3%. Од нив, околу 60% жени се тестираат со ПАП тест или во просек годишно се прават по 24.000 ПАП тестирања, пришто се откриваат брисеви со околу 10% епителни клеточни абнормалности во вкупно цитолошки анализираните брисеви или во просек по 2.400 брисеви годишно се со позитивни наоди.

— реклама —

Во 2020 година, во првите 3 квартали околу 12.000 покани се испратени од страна на гинеколозите кои се вклучени како извршители во Програмата, направени се околу 9.000 ПАП тестови при што откриени се околу 900 брисеви со одредени клеточни абнормалности, што исто така претставува 10% од вкупно цитолошки анализираните брисеви.

Воедно, податоците покажуваат дека се помал е бројот на жени со тешка форма на карцином, како што се плочестиот карцином суспектен за инвазија и инвазивниот плочест карцином. Токму тоа е и целта на превентивната програма на Министерството, рано и навремено откривање на ова заболување, што придонесува за намалување на стапката на смртност од ова заболување.

Од аспект на зајакнување на превенцијата од ова заболување, во 2019 година го осовременивме Календарот за имунизација со тоа што обезбедивме четиривалентна ХПВ вакцина, со која се замени дотогаш користената двовалентна вакцина. Оваа вакцина штити од 4 опасни типови на хуман папилома вирусот. Покрај превенција од предмалигни генитални лезии, предмалигни анални лезии, канцери на грлото на матката и анални канцери, дополнително превенира и генитални брадавци. Токму во 2019 година е зголемен опфатот со вакцинација со оваа вакцина во споредба со претходните години.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања