МЗ: Вклучете се во меѓународното истражување „КОВИД-19 и ментално здравје“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Грижата за нашето психичко здравство е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје. Клиниката за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот. Отворени се повеќе телефонски линии за психолошка поддршка, а во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности и превенција за менталното здравје.

— реклама —

Од установата, не информираат дека тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ (веб psichiatriasociale.org), а истражувањето се спроведува во повеќе европски земји. Координатор за Северна Македонија е токму Универзитетската клиника за психијатрија - Скопје.

Оваа студија се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата COVID-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции.

— реклама —

Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања