Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МЗШВ: Апелираме Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се нарушува имиџот на Министерството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

По реакциите во јавноста за упадот на дополнителниот – заменик министер од министерството за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во Подрачната Единица Берово и снимањето на вработените со што беше нарушена нивната приватност и лични податоци, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се оградува од постапките на истиот.

— реклама —

Овие постапки не се пракса на функционирањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, туку се личен акт на Трипуновски со кој не се согласуваме и остро го осудуваме.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство е институција која во изминатиот период работеше на професионализација на својата администрација и хармонизација на односите помеѓу вработените, се со цел создавање на поволна клима за професионален однос, меѓусебна соработка на сите вработени а со тоа и давање на квалитетни услуги за земјоделците и целиот агро – сектор.

— реклама —

Апелираме дополнителниот заменик министер во МЗШВ Цветан Трипуновски да се воздржи од вакви дејствија со кои се врши директно нарушување на имиџот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ИЗВОР: МЗШВ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања