Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

МЗШВ: Аплицирајте за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
IMG-20230608-WA0018

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства, кои се корисници по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020,2021 и 2022 година и истите не се корисници на останатите подмерки од член 2 ставови 2 и 3 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.

— реклама —

Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања, по Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020,2021 и 2022 година и тоа:

— реклама —

за одобрен просек од 0 до 10.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 10.000 денари,

за одобрен просек од 10.001 до 20.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 20.000 денари,

— реклама —

за одобрен просек од 20.001 до 30.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 30.000 денари,

— реклама —

за одобрен просек од 30.001 до 40.000 денари, висината на финансиска поддршка изнесува 40.000 денари.

МЗШВ ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции за 2023 година за растително и сточарско производство е до 30 јуни 2023 година. Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ, или електронски преку веб страната на Платежната Агенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања