Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

МЗШВ: Нема да дозволиме сточарите да трпат загуби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ovci-vo-sneg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по претседателски избори ќе излезе со предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци и нема да дозволи сточарите да трпат загуби од сопственото производство. Ова беше договорено на вчерашната средба што се одржа во МЗШВ со здруженијата на одгледувачите на овци.

— реклама —

По завршувањето на откупот на јагне ќе се анлизираат податоците од терен. На средбата претставниците од здруженијата и од МЗШВ се договорија секое здружение до МЗШВ да испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена. Оваа цена ќе се спореди со анализите на МЗШВ, со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци. Решението ќе биде презентирано, по вториот круг на претседателските избори, кога и престануваат законските ограничувања кои важат за време на предизборниот период.

Освен со одгледувачите на овци, деновиве во МЗШВ се одржа и средба со откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на која што од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено.

— реклама —

И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја иницијативата на МЗШВ што во моментов се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози и земањето на крв од овците. Се согласија дека за понатамошното креирање на ефикасни политики за развој на овчарството и за правилна распределба на субвенциите, важно е да се знае точната бројка на овци.

Во меѓувреме, МЗШВ постојано ја следи состојбата и откупот на јагнето и апелира до сите одгледувачи на овци да не потпаѓаат под партиски влијанија и манипулации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања