Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на МЗШВ. Сите досега издадени дозволи, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.
НАПОМЕНА:
• Строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години. Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на МЗШВ и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење.
• Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство.
• Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците.
• Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба.• Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ.• Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесеме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.
фото: Архива