Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

МЗШВ работи на изнаоѓање решение за исплата на лозарите за предаденото грозје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ljupchonikolovski

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ги разгледува  сите можности од правен аспект како и на кој начин државата може да помогне и да интервенира лозарите во најкус рок да си ги добијат парите за предаденото грозје во винарницата  „Поварадие“ и „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), кои што имаат долг кон лозарите за предадено грозје во 2015 и 2016 година.

— реклама —

Паралелно МЗШВ, е во постојна комуникација со раководството на „Поварадие“ и стечајниот управник на „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), со цел да се најде начин за исплата на лозарите. Воедно, веќе се иницирани и соодветни законски измени за да лозарите бидат заштитени.

— реклама —
— реклама —

На состанокот што минатата недела се одржа во МЗШВ заедно со претставници од „Повардарие“, стечајниот управник на „Стефанс винарија“, лозарите, градоначалниците и пратениците од Тиквешкиот регион, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, децидно порача дека лозарите мора да ги добијат парите за предаденото грозје во овие винарници во најкус можен  рок.

Во сабота (02.01.2019) во Кавадарци, министерот Николовски ќе има средба со лозарите од тиквешкиот регион, за да се разгледаат и останатите предлози на лозарите за поддршка и развој на оваа земјоделска гранка“, велат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања