Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

МЗШВ: Распишан јавен оглас за доделување на 1.776 хектари државно земјоделско земјиште над 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека е распишан јавен оглас за давање во закуп на државно земјоделско земјиште за површини над 3 хекатри по пат на електронско јавно надавање.


— реклама —

Вкупната земјоделска површина која со овој јавен оглас се става на располагање изнесува 1.176 хектари државно земјоделско земјиште, распределено во следниве региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Кавадарци, Кисела Вода, Куманово, Кочани, Неготино, Гази Баба, Свети Николе и Струмица.


Намената на земјоделското земјиште кое преку овој јавен оглас се дава во закуп е за:

— реклама —

подигнување на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,

подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,

подигнување на маслинарници за период до 50 години,

— реклама —

одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,

ливади за период до 15 години,

за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за период до 30 години и

— реклама —

рибници до 20 години


Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност или да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е приоритетна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на овој јавен оглас доколку имаат регистрирано подружница во Република Северна Македонија. Домашните и странски правни лица или нивните подружници имаат право да учестуваат на овој оглас доколку земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи им е претежна дејност, или доколку земјоделското земјиште им е потребно во вршење на научно-истражувачки дејности.


Јавниот оглас трае 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас. Заинтересираните апликанти образецот за учество на јавниот повик (понуда) можат да го подигнат во МЗШВ, подрачните единици на МЗШВ или преку веб страната на МЗШВ. Истиот мора да се пополни со сите потребни податоци и да се достави заедно со потребната документација во затворен коврер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања