Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од земјава во Руската Федерација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ovosje

Почнувајќи од 27 мај 2019 година, понеделник, Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација целосно ја укинува забраната за увоз на коскесто овошје. Конкретно, од понеделник од Република Северна Македонија во Руската Федерација ќе можат да се  извезуваат цреши, вишни, сливи, кајсии, праски и нектарини.

Увозот на праски и нектарини од Република Северна Македонија во Руската Федерација е одобрен, со гаранции од македонските надлежните фитосанитарни служби, дека истите потекнуваат од подрачја во кои е утврдено дека нема присуство на габата Monilinia fructicola (Winter) Honey.

— реклама —

Дополнително, секоја пратка од праска и нектарина наменета за рускиот пазар, која потекнува од незаразено подрачје, ќе биде пропратена со веродостојни лабораториски анализи издадени од македонската Државна фитосанитарна лабораторија со акредитирани методи за анализа на оваа габа.  Забраната за извоз на коскесто овошје во Русија, стапи на сила во август минатата година по потврденото присуство на штетниот организам Monilinia Fructicola во Република Северна Македонија. Сега оваа забрана се укинува по извршената инспекција од страна на руските федерални служби за фитосанитарен надзор, која се реализираше на крајот на април годинава.

— реклама —

Инспекторите од руската федерална служба спроведоа детална контрола на функционирањето на целокупниот фитосанитарен систем. Оваа одлука е од големо значење за   македонските извозници и за зголемување на извозот на земјоделски производи во Русија. Руската Федерација е значаен економски партнер на Република Северна Македонија, а трговската размена помеѓу двете држави бележи значителен пораст. Само во првите месеци од оваа година, за 90% е зголемен извозот на земјоделско- прехранбени производи од Република Северна Македонија во  Русија, споредбено со истиот период минатата година. Зголемениот извоз од Република Северна Македонија кон Русија во делот на земјоделско-

— реклама —

прехранбените производи се должи пред се на извозот на јаболка, нo тренд на пораст се бележи и кај другите производи кои се извезуваат на рускиот пазар.

Интензивирањето на економската соработка и зголемувањето на трговската ќе биде централна тема на наредната седница на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу двете земји,која ќе се одржи на крајот на септември во Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања