Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МЗШВ: Со користење на семенски материјал и искористување на субвенциите може да се постигнат рекордни резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
67979464_729968307424395_4506722047119851520_n

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска беа во посета на селото Гермијан.

Оваа посета министерот Димковски ја искористи да се запознае подетално со производство на пченица од овогодинешната реколта.

— реклама —

“Годинава според последните податоци е вкупно ожнеана 67.833 хектари или 92% од вкупната жетвена површина која изнесува 73.479 хектари, 3.300 по хектар.

Сето слободно земјоделско земјиште го ставаме на располагање на вистинскиот земјоделец”- Изјави министерот Димковски.

— реклама —

Земјоделецот од село Гермијан, Владо Атанасовски, е позитивен пример за тоа, како со употреба на семенски материјал и квалитетна прихрана може да се постигнат одлични резултати.Годинава на неговите ниви кои се со квалитет од 7 класа, добил род од 7 тони просечно по хектар.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски рече дека:

“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успеа да ги исплати досега сите основни мерки за субвенции од програма за 2018 година а веќе се спрема за исплата и на дополнителните мерки, а до овој момент има исплатено 300милиони евра средства преку мерките што ги спроведува, а тука спаѓаат и заостанатите субвенции од изминатите години од 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016.”- Изјави Бабовски.

— реклама —

Димковски потсети дека до денеска се поделени 34.000 персонализирани картички,со сума од 88 милиони денари, а до крајот на месец август се очекува бројката да достигне до 55.000 картички со што кај земјоделците се враќаат вкупно 200 милиони денари.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања