Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

МЗШВ: Во полн ек е жетвата на пченицата, годинава се очекува за 4 отсто поголемо производство од 2017 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zetva

Според првичните податоци од подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство жетвата на житните култури е во полн ек. Јачменот во 2019 година е засеан на околу 60.000 хектари. До денеска се ожненани околу 80 % од површините,  при што е остварен просечен принос од околу 3,3 тони по хектар. Пченицата е засеана на околу 70.500 хектари. Жетвата на пченицата е во полн ек и до денеска се ожнеани околу 30% од засеаните површини со остварен просечен принос од околу 3,5 тони по хектар во зависност од регионот. Според првичните проценки оваа година се очекува производство од пченица да се  движи од 240.000 до 250.000 тони или за околу 4% поголемо производство од 2017 година.

Дел од мленичарските компании веќе имаат започнато со откуп. Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, во моментов откупната цена се движи од 9 до 10 денари за килограм во зависност од тоа дали е пченицата прва, втора или трета класа, и се очекува да расте цената со оглед на тоа што е почеток на жетва на пченицата. Инспекторите од ДИЗ се постојано на терен со цел да го контролираат откупот и дали секоја компанија што откупува ги има навреме истакнато откупните цени.

— реклама —

Пред почетокот на жетвата во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, беа одржни состаноци на Потсекторската работна група за жита во којашто членуваат претставници од стопанските комори, земјоделски здруженија и од секторите од МЗШВ. Агенцијата за стокови резерви минатата недела го објави јавниот оглас за набавка на 7.165 тони меркантилна пченица за обнова на потребите на стоковите резерви, што во овој период ќе влијае позитивно на пазарот на пченица во делот на зголемување на откупната цена, се вели во соопштението од министерството за замјоделство шумарство и водостопанство.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања