Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

МЗШВ воведе делумна забрана за движење во шумите - за прекршителите глоба од 1500 до 2000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar-drvja

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈПУЗПП “Јасен” – Скопје, ЈУ Националенпарк “Маврово” и ЈУ Националенпарк “Галичица”, воведе делумна забрана за движење во шумите со кои стопанисува ова претпријатие. Забраната за движење започнува да важи од денеска 09.08.2019 година, а ќе трае се до нејзиното отповикување. Оваа одлука е донесена, со цел за превентивна заштита на шумите од појава на пожари на отворен простор.

Оваа забрaна не важи за вработените на ЈПУЗПП “Јасен” – Скопје, ЈУ Националенпарк “Маврово” и ЈУ Националенпарк “Галичица”, како и за субјектите кои со дозвола вршат активности од областа на шумарството во границите на овие заштитени подрачја.

— реклама —

За непочитување на оваа забрана од страна на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште согласно член 106 од Законот за шуми ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противредност.

— реклама —

Истотака се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека заради превенција од пожари се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловишта. За непочитување на одредбите од Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противреднст.

— реклама —

Забраната неважи заорганизирани тури на туристи за туристичко разгледување, кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на ЈПУЗПП “Јасен” – Скопје, ЈУ Националенпарк “Маврово” и ЈУ Националенпарк “Галичица”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања