Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МЗШВ: Забрна за движење во шумите со кои стопанисуваат „Национални шуми“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Ј.П. „Национални шуми“ воведе делумна забрана за движење во шумите со кои стопанисува оваа претпријатие. Забраната за движење  започнува да важи од денеска 08.08.2019 година а ќе трае се до нејзино отповикување. Оваа одлука е донесена, со цел, превентивна заштита на шумите  од појава на пожари на отворен простор.

— реклама —

Оваа забрaна не важи за вработените во Ј.П. Национални шуми и за субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува оваа претпријатие.

— реклама —

За непочитување на оваа забрана од страна на  физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште согласно член 106 од Законот за шуми ќе им се изрече  глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противредност.

— реклама —

Исто така се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека заради превенција од пожари се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловишта. За непочитување на одредбите од Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра  во денарска противреднст.

— реклама —

Забраната не важи за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на дирекцијата и Подрачните единици на Ј.П. „Национални шуми“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања