Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

МЗТ Скопје се враќа во Европа по 25 години – ќе игра во групната фаза на ФИБА Европа Купот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Спорт
normal_DAD_6536

МЗТ Скопје Аеродром официјално потврди дека во сезоната 2026/27 ќе настапува во групната фаза на ФИБА Европа Купот, со што клубот повторно ќе биде дел од европските натпреварувања по пауза од две и пол децении.

— реклама —

За „сино-белите“ ова претставува нов значаен чекор во развојот на клубот, кој следната сезона ќе се натпреварува на три фронта – во ФИБА Европа Купот, АБА2 лигата и домашното првенство.

— реклама —

Последен пат МЗТ настапуваше во натпреварување под капата на ФИБА во сезоната 2000/01, кога беше дел од Купот Кораќ. Во меѓувреме, клубот беше редовен учесник во АБА лигата, АБА2 и УЛЕБ Еврокупот, а сега повторно ќе ја претставува македонската кошарка на европската сцена.

Новата сезона во ФИБА Европа Купот ќе се игра во проширен формат со 48 екипи, распределени во осум групи од по шест клуба. МЗТ Скопје е меѓу 24-те екипи што обезбедија директен пласман во групната фаза, што значи дека ќе одигра најмалку десет европски натпревари против реномирани противници.

— реклама —

Противниците на македонскиот шампион ќе бидат познати по ждрепката што ќе се одржи на 16 јули во Минхен.

— реклама —

Од клубот истакнуваат дека ги очекува ново европско поглавје, исполнето со големи предизвици, силни натпревари и можност повторно европската кошарка да се врати во спортскиот центар „Јане Сандански“, со надеж дека со поддршката од навивачите достојно ќе ги претстават Аеродром, Скопје и Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-10-19-184737

(Видео) „Војна“ под Кале: Топовски удари на сите страни, дербито е прекинато!

Спорт | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања