На 18 јуни ќе се одржи манифестацијата „Запознај ја Преспа”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
foto-nova-2-1170x613-1

На 18 јуни (сабота) на плажата „Дупени“ и село Брајчино во Преспа ќе се одржи 4. издание на манифестацијата „Запознај ја Преспа“.

— реклама —

Организаторите: HBO „Преспа ГРАД“ и Општина Ресен најавуваат бројни културни содржини и настапи на уметници од Северна Македонија, Грција и Албанија.

— реклама —

„На журката на плажа Дупени ќе настапат 14 познати диџеи од трите земји кои ги делат водите на Преспанското Езеро. Започнуваме во 12:00 на пладне, а траеме до магичното изгрејсонце утредента кое може да го дочекате во друштво на преспанските пеликани“, информираат организаторите.

— реклама —

Во програмата е предвидена посета на селото Брајчино во падините на Пелистер, на само 8 километри од плажа Дупени, каде своите кулинарски знаења ќе ги презентираат угостители и чувари на тајните на преспанските традиционални рецепти.

„За првпат, учесниците од грчкиот дел на Преспа ќе го презентираат познатиот џиновски грав, а од Албанија ќе може да го пробате далеку прочуениот, природен мед. Домаќините од преспанските села ќе ги понудат своите најдобри специјалитети. Со овој фестивал, преспани од трите земји кои ги делат убавините и мистериозната енергија на Преспа, ја испраќаат нивната порака за европска Преспа без граници“, додаваат организаторите на манифестацијата.

Фестивалот „Запознај ја Преспа“ е поддржан од Министерството за култура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања