Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

На 329 медиуми ќе се рекламираат кандидатите на локалните избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-08-23-at-11.28.13

Од вкупно 352 пристигнати барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали за претстојните локални избори, Државната изборна комисија (ДИК) регистрираше 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали.

Средствата што ќе се потрошат за платено политичко рекламирање за медиумите изнесуваат 66 проценти од буџетот на ДИК за локалните избори, односно 397.763.000 денари (околу 6,5 милиони евра) од вкупно 600.489.000 денари (околу 9,76 милиони евра).

„Пристигнаа 352 барања за упис во регистарот, а до ДИК беа доставени вкупно 399 ценовници за платено политичко рекламирање. Врз основа на обработената документација, запишани се 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. Барањата на 22 правни лица – две телевизии, пет радиостаници, еден печатен медиум и 15 интернет портали – се отфрлени како неуредни, односно ненавремени и некомплетни. Дополнително, беа доставени и два ценовници без барање и тековна состојба, поради што истите се отфрлени како некомплетни“, изјави на седница членката на ДИК, Светлана Карапетрова.

— реклама —

— реклама —

Комисијата го изгласа и решението за упис во регистарот на медиумите што ќе учествуваат во кампањата за локалните избори 2025 година.

— реклама —

Првиот круг на изборите ќе се одржи на 19 октомври, а вториот на 2 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања