Промени тема
Контакт

На 45 години ненадејно почина Елвис Мекиќ, братот на Елвир Мекиќ, Јоце Панов се прости од него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library3umrjkchtuljftJadDA

Веста за ненадејната смрт на 45-годишниот Елвис Мекиќ ја потресе неговото семејство и блиските пријатели. Неговиот брат, пејачот Елвир Мекиќ, информираше дека погребот ќе се одржи денеска во селото Батинци.

Елвис (Вејсел) Мекиќ почина ненадејно вчера, на 45-годишна возраст. Веста особено го погоди неговиот близок пријател, пејачот Јоце Панов, кој со емотивна порака се прости од него.

— реклама —

„Зошто бе Еки, зошто бе братче, зошто замина толку рано, толку млад и полн со живот, зошто бе брат???“, напиша Панов.

Тој се потсети на годините поминати во дружење со Елвис и на нивната заедничка љубов кон музиката.

— реклама —

„Со кого ќе се смеам и кој ќе ми пее терци сега? Поминавме неколку години секојдневна дружба; навистина овој свет нема правда“, напиша Панов.

— реклама —

Во својата порака тој додаде дека Елвис ќе го памети насмеан и дека ќе продолжи да ги пее песните што најмногу ги сакале и често ги пееле заедно.

„Почивај во мир, пријателе мој… Јас ќе те паметам насмеан и ќе ги пеам за тебе песните што најмногу ги сакаше и секогаш ги пеевме заедно. Збогум, Еки!“, напиша Панов.

Погребот на Елвис Мекиќ ќе се одржи денеска, 19 август, во селото Батинци.

media-libraryt548t2uaalh6daqoh7U

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања