„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

На 6 пункта во Скопје се тестира со брзи тестови, ПЦР или брз тест е одлука на матичниот лекар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-test

Од денеска на 6 пункта во Скопје се се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Тестирањата се вршат во Поликлиника Ѓорче Петров, Поликлиника Чаир, Поликлиника Ченто, Поликлиника Бит Пазар, Поликлиника Јане Сандански и Поликлиника Млин Балкан. Овие тестови се за детектирање на вирусот КОВИД 19, а не на антителата. Резултатите од брзиот тест се добиваат за 10 до 15 минути.

— реклама —

Брзите тестови ги закажува матичниот лекар според претходно опреден алгоритам, а еден од критериумите е симптомите на Ковид-19 да не траат подолго од 5 дена од почетокот до тестирањето. Алгоритамот за тестирање е направен според препораките на СЗО, а матичниот лекар според земената анамнеза прави проценка дали на пациетот ќе му се земе брис за ПЦР тести или за антигенски брз тест.Термините за тестирање со брзи тестови ќе одат преку Мој термин. Мора да се напомене дека и доколку брзиот тест е негативен но симптомите сугерираат на КОВИД 19 тогаш матичниот лекар може да процени да направи дополнително и ПЦР тест.

Брзите тестови ќе го зголемат капацитететот за тестирање на КОВИД19 вирусот. Министерството за здравство се труди за што поголем број на тестирања се со цел регистрирање на позитивните случаи и ниво навремено третирање и изолирање од околината. МЗ контиунирано ќе го зголемува капацитетот како на тестирање со ПЦР така и на тестирање со брзите тестови на територијата на целата држава .

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања