Промени тема
Контакт

На 78 години почина Тонкица Митровска, пионерката на македонскиот анимиран филм

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryb7ttuih6a86bd2KXOEQ

На 78-годишна возраст почина Тонкица Митровска, една од пионерките на македонскиот анимиран филм и долгогодишна членка на Друштвото на филмските работници на Македонија.

Веста за нејзиното заминување ја соопшти Друштвото на филмските работници на Македонија, од каде што со почит се простија од својата истакната членка, истакнувајќи го нејзиниот значаен придонес кон македонската кинематографија.

Митровска е родена во 1948 година и била дипломиран графичар. Таа била дел од познатата „Скопска анимирана школа“, која се развивала во рамките на Студиото за анимација на „Вардар филм“.

— реклама —

Во текот на повеќедецениската кариера соработувала со бројни познати автори и режисери. Како аниматор, фазер и цртач учествувала во создавањето на повеќе од 20 анимирани филмови, со што дала значаен придонес во развојот на македонската анимација и во создавањето на нејзиниот препознатлив уметнички израз.

За нејзиниот професионален ангажман и придонес кон филмската уметност, во 2021 година Друштвото на филмските работници на Македонија ѝ ја додели наградата „Златна рамка“.

— реклама —

Нејзиното творештво беше одбележано и во 2023 година, кога Кинотеката на Македонија ѝ го додели признанието „Златен објектив“ за нејзиниот долгогодишен придонес и творечки опус.

— реклама —

Од Друштвото на филмските работници на Македонија велат дека со нејзиното заминување домашната филмска сцена останува без исклучителен професионалец и предан колега.

„Македонската филмска фела изгуби извонреден професионалец, предан колега и тивок уметнички генијалец чиј ведар дух и скромност беа инспирација за генерации филмски автори. Нејзиното дело останува трајно вградено во колективната културна меморија и во темелите на нашата кинематографија“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања