Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

На 9-годишната Сандра Ническа и треба наша помош, во моментов е во Педијатрискиот центар во Истанбул

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
humanost

Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат нивната хуманост, овој пат за помош на 9-годишната Сандра Ническа. На Сандра и’ е дијагностициран Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави. Сандра се наоѓа во Yeditepe University Hospital, Педијатрискиот центар за трансплантација на матични клетки во Истанбул, Турција.

— реклама —
— реклама —

– На 26-ти април 2019 година и беше извршен зафат на трансплантација на коскена срцевина од донатор кој не е во крвно сродство, бидејќи тоа е единствениот лек за Миелодиспластичен синдром кај деца. Меѓутоа, по зафатот, Сандра разви стероидно зависна хронична болест калем-против-домаќин (graft versus disease GVHD) на долниот гастро интестинален тракт и на црниот дроб. Вообичаен третман за лекување е пресадување на коскена срж од сроден или несроден донор, зафат кој заедно со сите пропратни испитувања, третмани и престој на потесното семејство на клиниката, чинеше повеќе од 200.000 евра, обезбедени од сопствени средства, кредити, позајмици од роднини, пријатели и добронамерници. Третманот што ветува искоренување на GVHD синдромот ќе чини поеќе од 100.000 евра дополнителни средства, за кои немаме други опции да ги обезбедиме, апелираат од семејството.

— реклама —
— реклама —

Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин: 200002729851107 MKD банка: Стопанска банка АД Скопје SWIFT CODE:STOBMK2X IBAN: MK07200002729853241 EUR beneficiary: Lenche Nicheska адреса: село Коњско, Охрид Дополнителни информации можат да се добијат на телефонот: ++0038978277256.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања