Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

На аеродромот во Скопје нападнат офицер за врски од Француската амбасада во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
aerodrom-skopje-4

На 14.02.2020 во 17.15 часот било пријавено дека во зградата на „Меѓународен Аеродром Скопје“, на шалтер бр.14, Е.В.(29) од Р.Албанија со тврд предмет физички го нападнал Т.Р.А.П.Р.(43) од Франција, офицер за врски од Француската амбасада во Скопје, кој вршел дополнителни проверки за условите за патување на странци за Европската Унија и Шенген држави. Според пријавеното, Е.В. заедно со неговата сопруга и со нивното малолетно дете се пријавил да патува за Барселона, поради здравствени прегледи на детето, а бил незадоволен од тоа што францускиот претставник не му дозволил да патува во Европската Унија, со образложение дека не ги исполнувал општите условите за влез во ЕУ. Е.В. бил приведен во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, а во 21.10 часот бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања