Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

На Бoки 13 му е продолжен прекинот; Доктор Јованов: Не му е забрането физичка активност, прима терапија и трипати во болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
IMG_3884

Болеста на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор бидејќи нема терапија, ниту услови, тој е инвалид од прв степен, а му се препорачува да биде физички активен. Ова е медицински став од конзилијарното мислење на докторите презентирани во Кривичниот суд, поради кои осудениот од „Рекет“ останува на слобода.

— реклама —

Одлуката е донесена врз основа на докази односно медицинската документација, на која има повеќе од десетина потписи на доктори-специјалисти, професори од Универзитетската клиника св. „Наум Охридски“. Од началникот доктор-специјалист Стојанче Јованов побаравме став како Боки 13 е во лоша состојба, а постојано присутен во јавноста. Тој посочува дека на лицето не му е забрането да ги обавува своите животни функции и му се препорачува физичка активност, но истовремено, вели дека состојбата му се третира секојдневно со болнички лекови и посебни режими.

— реклама —

Специјалистот-доктор Јованов вели: „Да се знае еднаш засекогаш, пациентот има траен инвалидитет од прв степен!“.

— реклама —

„Се препорачува физичка активност, особено не му е забрането да си ги обавува своите животни функции за да си заработи за егзистенција. За да ги обавува овие функции тој мора да биде на високи дози на аналгетици, да прима ампуларна терапија против повраќање – антиемитици и особено пациентот антиулкусна терапија против воспалување и појава на чирови во остаточниот дел од желудникот“, вели докторот Јованов.

Побаравме став од доктор Јованов, зошто Боки 13 е постојано физични активен ако е болен, на што ни посочи: „Лекарскиот конзилиум никогаш не му забранил физички активности на пациентот, особено што се препорачува што повеќе физичка активност“.

Докторите укажуваат дека Боки 13 не може да има соодветен третман во затворот, дека се соочува и со јаки болки, но и дека сето ова може да има катастрофални последици.

„Во затвор не може да прима адекватен хигиено диететски режим, ниту да ја прими терапија секогаш кога му е потребна, во даден момент. Пациентот кога има јаки болки доаѓа и два до три пати во болница за да може да функционира. Особено во затворски услови не може да се спроведува хигиено-диететски режим, а ако тој не се спроведува, ќе дојде до катастрофални последици кои можат да бидат и смртни. Хигиено-дитетскиот режим и спроведувањето на таквиот протокол е најважен за овој тип болест“, додаде доктор Јованов.

При промоцијата на спотот за „Само една песна таговна“ која ја препреа, Бојан Јовановски самиот се осврна на коментарите дека не треба да биде на слобода и дека му е добра здравствената состојба.

„Многумина ќе кажат како, оди, пее, се слика – тоа јас најдобро си го знам. За да и оваа песна ја издржам со вас, претходно имав тераписки третман, па дојдов, се спремив и изгледам вака како што изгледам. Бидејќи ова е мојата работа, а мојата работа е мојот живот“, додаде Боки 13 и рече: „Ќе замолам, бидејќи е непристојно било кој да коментира било чија здравствена состојба. Јас и на тие што ја коментираат негативно а и на сите луѓе ќе им посакам да имаат пред се и над се здравје. Без тоа џабе ни е се, ако немаме здравје“.

Боки 13 доби прекин на казна врз база на медицинска документација која ја достави до јавноста. Во неа, освен препораки и насоки од доктори за таков чекор, имаше белешки од Итна медицинска помош во кои се констатира дека неговата болест не може да се третира во затворот „Идризово“ бидејќи ја нема соодветната терапија, нема постојано доктор, ниту пак услови за хигиено-диететски режим каков што му е потребен.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања