Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

На Будимпешта и се заканува најголемата поплава во деценијата: Дунав се издига, политичарите се вклучија во акцијата за одбрана на градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
poplava-budimpesta

Градоначалникот на Будимпешта Гергељ Карачони денеска изјави дека на Будимпешта и се заканува најголемата поплава во последната деценија, а властите веќе почнале да се подготвуваат за претстојната катастрофа.

Поради огромниот пораст на водостојот на реката Дунав поради обилните врнежи во претходните денови, Будимпешта сериозно се подготвува за можни поплави.

Откако циклонот Борис донесе поројни дождови и катастрофални поплави во делови од Европа, властите во Будимпешта не препуштаат ништо на случајноста.

— реклама —

Шефот на Генералната дирекција за вода излезе со соопштение во Фрјсбук, во кое им дава упатства на жителите како да постапат и со кого да контактираат во случај на поплави.

Во овој момент, како што пишува унгарскиот портал Телекс, ангажирани се 350 војници, кои работат на спречување на катастрофа.

Поради сериозноста на ситуацијата, бизнисите и институциите во главниот град на Унгарија веќе започнаа со работа на заштита од поплави, објасни градоначалникот на Будимпешта.

— реклама —

Градоначалникот на Будимпешта го привлече вниманието на фактот дека сите возила кои се паркирани на одреден дел од кејот мора да бидат отстранети што е можно поскоро.

„Најголемата поплава во деценијата се приближува кон Будимпешта“, најави тој.

Посебно е важно автомобилите што поскоро да се отстранат, за да не мора подоцна надлежните да ги одземаат.

Вчера градоначалникот на Будимпешта објави трет степен на тревога од поплави, долж сите потенцијално опасни сектори покрај реката Дунав.

— реклама —

Последните прогнози укажуваат дека водостојот на Дунав во втората половина на следната недела ќе достигне максимални над осум метри.

Степенот на тревога ќе почне да важи од понеделник, соопштија од кабинетот на градоначалникот, пренесува Танјуг.

Прогнозите велат дека водостојот на Дунав и Лајта ќе го достигне, а можеби и ќе го надмине нивото на водата од 2013 година, кога Будимпешта беше погодена од невидени поплави.

— реклама —

И премиерот Виктор Орбан во неделата попладне рече дека неговата земја е подготвена да се брани од поплави и спомена три критични локации - Сигеткоз, свиокот на Дунав и самата Будимпешта.

Дури и некои политичари се приклучија на акцијата и помошта на насипите околу Дунав, меѓу кои и Петер Маџар и Естер Виталиос.

Јавниот превоз во ранливите области покрај реките, исто така, може да биде засегнат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања