Промени тема
Контакт

На чекор до исполнување на едно од најважните ветувања – просечна плата од 30.000 денари, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
SDSM-92

„Владата предводена од СДСМ е на чекор до исполнување на едно од најважните предизборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари“, велат од партијата.

Тие додаваат:

„Благодарение на успешните економски мерки што ги презеде Владата и во услови на глобална криза платите континуирано растат. Пензионерите годинава добиваат рекордно покачување на пензиите според Швајцарскиот модел, а минималната плата е дуплирана и сега изнесува 18.000 денари.

— реклама —

Според последните податоци од државниот завод за статистика, просечната плата во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока во однос на јануари 2021 година.

— реклама —

Покрај платите и пензиите, обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза.

Над 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои се во насока на заштита на стандардот на граѓаните и полесно справување со предизвиците кои ги носи глобалната криза.

— реклама —

СДСМ како одговорна партија продолжува посветено да работи на креирање и реализација на мерки кои имаат за цел да обезбедат забрзан економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања