Промени тема
Контакт

На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
k15

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи постојано презема мерки и политики што обезбедуваат повисок животен стандард на граѓаните, вели СДСМ.

„И во време на криза, платите растат многу побрзо и значително, што е особено важно за глобалната криза, за поддршка на животниот стандард на граѓаните.

За месец јануари 2022 година, просечната плата изнесува 29.980 денари.

— реклама —

На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.

Претходно ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога едвај изнесуваше 8.800 денари.

— реклама —

Политиките на СДСМ придонесоа платите да растат во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на граѓаните.

— реклама —

Освен растот на платите, потврда за поддршката на стандардот на граѓаните е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите и кои веќе даваат резултат.

СДСМ останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и државата. Продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат повеќе пари и подобар животен стандард на сите граѓани“,се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања