Промени тема
Контакт

На црната листа е и сомнителната компанија на Груевски за која треба да се истражува дали служела за незаконски активности, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika-5

САД го стави на црната листа Никола Груевски, ментор и шеф на Христијан Мицкоски, осуден криминалец во бегство, вели СДСМ

„На црната листа е и сомнителната компанија на Груевски за која допрва треба да се истражува дали служела за незаконски активности.

Во меѓувреме, од страна на надлежните институции запленет е имот како последица од криминалите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

За сето ова време, Мицкоски молчи.

— реклама —

Молкот на Мицкоски е најголема потврда дека во оваа партија ништо не е сменето, а Мицкоски од петни жили се обидува да го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

По сите овие признанија, по сите судски пресуди, како онаа од Титаник и по објавата на црната листа, по запленетиот имот во случајот Империја, Христијан Мицкоски треба да си поднесе оставка.

Христијан Мицкоски во времето на режимот кога се правеле криминални дејствија му беше десна рака и советник на Груевски.

— реклама —

Ако Мицкоски знаел за сите криминални активности, за злоупотреба на позициите, за нелегалните пари, зошто молчел, кого бранел?

Граѓаните слушнаа и за директни признанија на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ како се правеле криминални дела.

— реклама —

Денес голем број од некогашните соработници на Груевски се соработници на Мицкоски и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија раководена од Будимпешта, партија која не излегува од режимската матрица“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања