Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

На денешен ден се случи правата авионска несреќа во Македонија - се урна авионот Fokker 100 на Palair Macedonian Airlinesсе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
foker-100

На денешен ден, на 5-ти март 1993 година се урна авионот Fokker 100 на Palair Macedonian Airlinesсе, лет број 301, веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром со крајна дестинација Цирих, пренесе Кајгана.

— реклама —

Во авионот Fokker 100 имало 92 патника и 5 члена на екипажот од кои загинале 83, а 14 биле повредени. Пилот бил искусен 49-годишен Холанѓанец со 11.200 часови лет, додека копилотот бил 34-годишен Македонец со 5.580 часови лет кој претходно бил пилот во Jat Airways. Повеќето патници биле од Косово кои работеле во Швајцарија.

Веднаш по полетувањето во 11.11 часот авионот не успеал да ја достигне потребната висина, а причината била мраз на крилата. Временските услови биле со 900 метри видливост, но паѓало снег. Истрагата покажала дека причината за падот биле пропусти во процедурата за одмрзнување на мразот на крилата. За мраз биле проверени само почетните делови на крилата каде бил востановен снег кој не претставувал опасност бидејќи веќе се топел.

— реклама —

Ниту пилотите, ниту лицата задолжени за одмрзнување не знаеле дека горивото сместено во крилата било со многу ниска температура и допринело стопениот снег да се претвори во мраз додека авионот чекал дозвола за полетување.

Извор: Кајгана

фото: Bureau of Aircraft Accidents

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања