Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

На денешен ден пред 47 години: Авион удри во вулкан, загинаа сите 257 патници и членови на екипажот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 33 минути -

Свет
media-libraryiv8m4tg37906bOUDBUT
unsplash

На 28 ноември 1979 година, туристички лет над Антарктикот заврши со една од најтешките авионски трагедии во историјата на Нов Зеланд. Авион на компанијата „Ер Њу Зеланд“ удри во падините на вулканот Еребус, при што загинаа сите 257 лица во него – 237 патници и 20 членови на екипажот.

— реклама —

Летот ТЕ901 бил организиран како туристичко разгледување на ледениот континент. Патниците требало да поминат неколку часа над Антарктикот и истиот ден да се вратат во Нов Зеланд. Но, околу 12:49 часот, авионот се урнал во падините на активниот вулкан висок речиси 3.800 метри.

— реклама —

Една од причините за несреќата била појавата позната како „whiteout“, при која поради расфрланата светлина исчезнуваат визуелните разлики меѓу снегот, небото и хоризонтот. Дополнителен проблем биле променетите навигациски координати на рутата, за кои пилотите не биле известени.

Првичната истрага одговорноста им ја припишала на пилотите, но кралската истражна комисија, предводена од судијата Питер Махон, во 1981 година заклучила дека клучната одговорност е на компанијата поради промената на маршрутата без соодветно известување на екипажот.

— реклама —

Остатоците од авионот биле пронајдени на падините на вулканот, а спасувачката операција била исклучително тешка поради непристапниот терен и суровите антарктички услови.

— реклама —

Трагедијата на планината Еребус и денес се смета за најтешка цивилна катастрофа во историјата на Нов Зеланд. Во 2019 година, новозеландската влада и „Ер Њу Зеланд“ официјално им се извиниле на семејствата на загинатите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања