Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

На денот на изборите не смее да се работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
275715101_420339626528230_744779867548015241_n

На денот на изборите 24 април и 8 мај кои Владата ги прогласи за неработни, Трудовата инспекција не може да казнува или затвора објекти. Овие два неработни денови не се утврдени со Законот за празници туку со владина одлука, па оттука инспекторите не можат да постапуваат. Тоа значи дека приватните фирми или компании можат да работат ако сакаат, не треба да им даваат празнична дневница на вработените и не може заработат казна, ама и вработените не мора да доаѓаат оти се заштитени со одлука на Владата.

— реклама —

Оваа одлука е спротивна од онаа која Министерството за труд и социјална поликата ја доставила до Влада со предлог да биде усвоена. Во одлуката на Министерството стои дека ‘се препорачува‘ 24 април и 8 мај да бидат неработни денови. Но, во владината одлука делот ‘се препорачува‘ се брише.

Голем број приватни компании денеска се затекнати од одлуката на Владата и не знаат дали смеат да работат, како да ги пресметаат дневниците, па постојано вртат во Трудовата инспекција и бараат одговори. Арно ама, со одлука на Владата и трудовите инспектори не треба да одат на работа.

— реклама —

Директорката на Трудовата инспекција Весна Томоска потврдува дека голем број фирми бараат објаснување дали смеат да работат или не. Вели дека во наредните денови ќе се координираат со надлежните институции како да постапуваат инспекторите.

„Со одлуката на Влада 24 април и 8 мај се неработни денови за сите граѓани и не треба да работат. Ние како Трудова инспекција не можеме да казнуваме оти не станува збор за неработни денови утврдени со Законот за празници. Ќе чекаме насоки од надлежното Министерство за труд и социјална политика како да постапуваме“, вели Томоска.

Оваа владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 4 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 4 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања