На 20.09.2020 во 18.50 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.П.(51) од Р.Албанија бидејќи при увид и контрола во албанска патна исправа било констатирано дека некои од оригиналните страници биле отстранети, а на нивно место биле вметнати други фалсификувани страни. За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.