Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

На Езерото Треска ќе се гради хотел со пет ѕвезди, бунгалови, спа и фитнес центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Treska

Маркичка за хотел со пет ѕвезди, бунгалови, спа и фитнес центар е нацртана во комплексот на Езеро Треска со новиот Детален урбанистички план (ДУП), објави СДК.МК. 

— реклама —

Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети денеска на прес-конференција го презентираше новиот план за Треска и просторот околу езерото, кој е поделен во четири блокови. Првиот блок е сегашниот комплекс на Езеро Треска кој е со површина од 13 хектари и, како што кажа Беџети, се планираат спортски терени на отворено, базени, аквапарк, забавен парк, амфитеатар, ботанички градини. Во оваа зона е формирана градежна парцела во која е дозволен процент на изграденост до 50 отсто односно максимална површина за градење од 155.116 метри квадратни. На таа површина е нацртана марчичка за хотелски комплекс со приземје, три ката и поткровје со висина од 15 метри.

Предвидени се пропратни содржини како ресторани, спа и фитнес-центри, центар за алтернативна медица, отворени и затворени базени. Покрај главната хотелска зграда планирани се и дрвени бунгалови. Градбите треба да бидат од природни и еколошки матријали, дрво и камен.

— реклама —

Текстот во целост на: СДК.МК. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања