Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

На функционерите - паразити и тие кои кријат имоти треба да им се конфискува имотот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

Додека граѓаните молат за помош или лекувања преку донации, додека секој ден гледаме протести на земјоделците низ државата заради неисплатениот род, додека студентите протестираат за студентски оброк, функционерите - паразити на СДС и ДУИ зимаат илјадници евра месечна плата на грбот на граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Паразитите на СДС и ДУИ на грбот на граѓаните ги живеат сите придобивки од државата. За еден мандат од четири години паразитите од СДС и ДУИ зимаат и до 300 илјади евра, пари од буџетот на државата.

— реклама —

Васко Ковачевски, Љупчо Зиков, Зоран Китанов, Садула Дураку, Фахрудин Хамиди, Владо Крстевски, Кире Наумов се само мал дел од долгата листа на паразитите кои се богателе на грбот на граѓаните, а придонесот од нивното директорување е еднаков на нула.

— реклама —

Функционерите на СДС и ДУИ го кријат својот имот од граѓаните, од голтари до милионери. Славјанка Петровска и Дарко Каевски си изградиле луксузни вили, дел од нивниот имот, како дивоградби го сокриле од очите на јавноста.

Фатени во лага, секој ден измислуваат по некоја нова приказна се со цел да ја дефокусираат јавноста од нивниот криминал, и нивното енормно богатење откако станале функционери во власта.

— реклама —

Богатењето на сметка на граѓаните, како и сокривањето на имотот на функционерите на СДС и ДУИ ќе му дојде крајот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ во првите 6 месеци од преземањето на власта ќе ги испита овие случаи и секој нелегално стекнат имот ќе бараме потекло на истиот.

— реклама —

Доколку има нечесно стекнати имоти, преку криминал, истите ќе бидат одземени и парите ќе бидат вратени во Буџетот и имотот на државата.

За секој криминал на СДС и ДУИ ќе има одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања